Дома Фудбал Италија Ултрасите на Јувентус го бојкотираат дербито: Уценети сме!

Ултрасите на Јувентус го бојкотираат дербито: Уценети сме!

Италијанските медиуми интезивно пишуваат дербито кое ќе следи наскоро во Серија А помеѓу Милан и Јувентус на „Сан Сиро“ на 11-ти ноември.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ултрасите на Јувентус организираат бојкот на овој натпревар поради скапите влезници за гостинскиот сектор на „Сан Сиро“.

Изминатата сезона влезниците за гостинските навивачи за овој натпревар изнесуваа 40 евра, додека сега цените се покаќени на дури 75 евра.

„Да се гледа Милан и Јувентус од третиот прстен за 75 евра е неприфатливо. Тоа е шлаканица за навивачите. Не може непрестано да се удира по нашите навивачи. Уценети сме“, се пожалија навивачите на Јувентус преку официјално соопштение во јавноста.

Цените на влезници за натпреварот на Милан и Јувентус се движат помеѓу 75 и 435 евра, во зависност од позицијата на седење.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона ја одбила понудата од ПСЖ за Торес

Барселона ја одбила првичната понуда од ПСЖ, вредна 40 милиони евра, за напаѓачот Феран То…