Дома Фудбал Италија Укината суспензијата на Лукаку, ќе игра против Јувентус

Укината суспензијата на Лукаку, ќе игра против Јувентус

Ромелу Лукаку ќе може да игра против Јувентус во реваншот од полуфиналето во Купот на Италија, откако Федерацијата му ја укина суспензијата.

Во соопштението на федерацијата се вели дека однесувањето на Лукаку е мотивирано од расистичкиот однос на навивачите на клубот од Торино. Суспензијата на белгискиот напаѓач е наречена „мерка за борба против сите форми на расизам“.

Лукаку даде гол во 95-та минута, а потоа со прстото на нос гледајќи кон домашните навивачи го прослави голот. Судијата му покажа втор жолт картон поради провокација на фановите.

Реваншот меѓу Интер и Јувентус ќе се одигра на 26 април, а Лукаку ќе биде во комбинација за овој дуел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бугарија по две кола во Лигата на Нации остана без селектор

Фудбалската репрезентација на Бугарија ќе мора да бара нов селектор откако Александар Дими…