Oдличен натпревар денес во Премиер лигата одиграа Лидс и Фулам во рамките од второто коло.
Лидс го победи Фулам со 4:3. Уште во петтата минута Лидс дојде до водство од 1:0, а стрелец беше Коста. Митровиќ од белата точка донесе изедначување за Фулам во 34. Минута. До крајот на полувремето видовме и уште еден гол, а го постигна Кич исто така од белата точка. Така домаќинот со предност замина на одмор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во второто полувреме веќе до 57. минута Лидс водеше со 4:1. Прво во 50 минута гол постигна Бамфорд за потоа Коста да го постигне вториот гол. Меѓутоа само 10 минути подоцна на семафорот стоеше 4:3. Погодуваа Рид и Митровиќ уште еднаш.
Фулам сепак до крајот немаше сила да стигне до бод или нешто повеќе.
Македонскиот фудбалер Езгјан Алиоски одигра 20-тина минути откако во игра влезе во 70. минута.