Дома Фудбал Ужасни вести за Хрватска пред историското финале: Еден од најдобрите под знак прашалник

Ужасни вести за Хрватска пред историското финале: Еден од најдобрите под знак прашалник

Ужасни вести за селекторот на Хрватска, Златко Далиќ пред историското финале во кое ќе се сретнат со моќната Франција.

Како што пренесуваат француските, англиски и руските медиуми, еден од најдобрите Хрвати во полуфиналето и стрелецот на првиот гол Иван Перишиќ е под знак прашалник за финалната средба.

Поранешниот доктор на репрезентацијата на Русија и московски Спартак, Јуриј Василков смета дека ќе биде многу тешко Перишиќ да биде спремен за финалето.

„Невозможно е таква повреда да биде санирана за само три дена. Се работи за најдолгиот мускул во нашето тело кој има клучна улога. Според мене невозможно е тој да игра против Франција. Дури и ако хрватските доктори користат болакади, антибиотици и слично, работата е неизвесна. Сепак, тоа е финале на СП и кој знае, не треба да ја заборавиме огромната желба на фудбалерот“, изјави Василков.

Финалето на Мундијалот се игра во недела со почеток во 17:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…