Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Ужасни вести за Полска: Левандовски го скинал мускулот – репрезентацијата во моментов има само еден здрав напаѓач!

Ужасни вести за Полска: Левандовски го скинал мускулот – репрезентацијата во моментов има само еден здрав напаѓач!

Репрезентацијата на Полска доби лоша вест на три дена пред почетокот на Европското првенство, Роберт Левандовски го скинал мускулот и неговата повреда е сериозна.

Полските медиуми објавија дека резултатите од повредите се катастрофални и тој ќе мора одреден период да биде надвор од терените.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Ова значи дека Левандовски сигурно го пропушта првиот натпревар од Европското првенство во кој оваа селекција ќе игра против Холандија, а прашање е дали ќе се рехабилитира за средбите против Австрија и Франција.

Репрезентацијата на Полска има сериозни проблеми во нападот бидејќи повреден од пред неколку дена е и Аркадиуш Милик. Исто така неизвесен е и напаѓачот на Верона Керол Свидерски.

Во овој момент здрав во редовите на Полска е само Криштоф Пјонтек, па ќе видиме каква ќе биде ситуацијата во наредните неколку дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Сензација на повидок: Погба се враќа во Англија, познат е неговиот следен клуб!?

Францускиот фудбалер Пол Погба е во центарот на вниманието, откако се појави информација д…