Дома Фудбал Англија Ужасна статистика на Санчез, собори и негативен рекорд во Премиер лигата

Ужасна статистика на Санчез, собори и негативен рекорд во Премиер лигата

sanchez

Алексис Санчез е непрепознатлив…

Манчестер Јунајтед во вчерашниот ден го забележа и петиот пораз оваа сезона во Премиер лигата, а на ударот на јавноста покрај Пол Погба беше и Алексис Санчез.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чилеанецот беше непрепознатлив, одигра катастрофално, впрочем како и целиот тим на Мурињо.

Сепак, Санчез привлекува посебно внимание кај навивачите кои само еден ден претходно го исмеваа настапот на Хентрик Михтаријан во дербито помеѓу Тотенхем и Арсенал.

Санчез имаше процент од само 64% успешни додавања, во превод секоја трета топка ја изгубил, немаше ниту еден шут во рамките од голот, а секој втор дриблинг му беше неуспешен.

Не ниту тука крајот, Санчез изгубил дури 36 топки на овој натпревар што е рекорд во Премиер лигата, а од кога пристигна од Арсенал тоа му се случило дури 125 на четири натпревари во дресот на „црвените ѓаволи“.

Покрај тоа ова е втор гостински пораз во низа Јунајтед со Санчез во тимот, после Тотенхем, а Чилеанецот исто така и на тој натпревар беше под своето ниво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…