Килијан Мбапе беше една од најголемите ѕвезди на ЕУРО, но сигурно ќе сака што побрзо да го заборави овој турнир, откако синоќа беше трагичар во елиминацијата на Франција.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мбапе не може да се пофали со добри настапи на ЕП бидејќи неговата статистика е очајна на континенталниот собир.
Еден од најдобрите фудбалери во светот постигна 27 голови во Лига 1 минатата сезона, но на ЕП играше во непрепознатливо издание бидејќи не успеа да постигне ниту еден погодок.
Според статистичарите, Мбапе имал 14 удари кон противничкиот гол, и тоа повеќе од било кој друг фудбалер на ЕП, но не успеа да постигне ниту еден погодок за Франција.