Фаик Болки, најбогатиот фудбалер во светот доживеа ужасна повреда како член на тајландскиот клуб Рачабури.
Како што е веќе познато во светот на фудбалот неговото богатство не е заработено на фудбалските терени, туку тој е внук на султанот од Брунеи, богаството кое го поседува се проценува на 20 милијарди долари.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На последниот натпревар тој доживеа повреда така што незгодно му се заглави ногата под противникот. По повредата итно бил пренесен во болницата, а подоцна клубот соопшти дека морало да му биде направена операција.
„Ви благодарам на убавите зборови и желбите за брзо опоравување. Ќе останам позитивен и напорно ќе работам да се вратам на терените уште посилен“, објави Болки на социјалните мрежи.
Болки е роден во Лос Анџелес, а во фудбалот се заљубил во Англија каде и што живеел од својата втора година. Принцот Џефри, неговиот татко истакна дека тој сакал да побегне од релаксираниот живот.
„Родителите секогаш ме поддржувале во остварување на мојот син. Психолоши и физички ме припремија за се уште додека бев дете“, изјави Болки.
Неговите соиграчи во клубовите каде што настапувал често пати зборуваа дека по однесувањето воопшто не може да се претпостави дека станува збор за некој кој поседува толкаво богатство. Неговиот најголем успех во кариерата е што стигна до дресот на англиски Лестер каде што помина три години.