Дома Фудбал УЕФА ќе се приклучи во бојкотот на англиските клубови

УЕФА ќе се приклучи во бојкотот на англиските клубови

Како што соопштија од УЕФА, Европската куќа на фудбалот ќе им се приклучи на англиските тимови кои ќе бојкотираат викендов.

Бојкотот ќе започне во 16 часот во петок (утре) и ќе трае се до понеделник до 23:59 часот. Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изјави дека тие ќе искажат поддршка за фудбалерите кои многу често добиваат навреди преку социјалните мрежи.

„Социјалните мрежи во денешно време често пати се злоупотребуваат. Таквиот тренд мора да запре. Не смееме да имаме такво однесување, тоа не е опасно само за фудбалот туку за целото општество. Затоа ќе се приклучиме и ќе ја поддржиме оваа иницијатива“, изјави Чеферин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Митрески предлага дуел со Русија, но договорен натпревар нема

Игор Митрески сака враќање на Русија во меѓународниот фудбал и предлага пријателска средба…