Дома Фудбал УЕФА ќе му го одземе домаќинството на Билбао за ЕП

УЕФА ќе му го одземе домаќинството на Билбао за ЕП

Европското првенство летово нема да се игра на стадионот „Сан Мамес“ во Билбао, откако УЕФА денес му ја одзеде организацијата.

Билбао требаше да биде еден од 12 градови домаќини на ЕП, кое ќе се одигра летово во период од 11 јуни до 11 јули.

УЕФА инсистираше дека стадионите мора да ги отворат вратите барем за минимален број на навивачи.

Амстердам, Баку, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Рим, Глазгов, Лондон и Санкт Петербург се согласија, додека Билбао, Даблин и Минхен уште не се согласија на такво нешто.

УЕФА го одреди 23 април како конечен рок, но организаторите од Билбао мораа да се откажат затоа што нема да можат да дадат гаранции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Илоски чека американски повик, Македонија бара решение за нападот

Напаѓачот на Филаделфија има силна сезона зад себе, но декемвриската шанса за САД зависи и…