Репрезентацијата на Македонија наредното лето за првпат ќе игра на едно Европско првенство.
До овој историски успех нашата репрезентација дојде со победата против Грузија на гости во Тблиси. Одлучувачки беше голот на Горан Пандев кој погоди по една одлична акција со Несторовски и Елмас.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
УЕФА откако беа познати сите учесници на ЕП ги претстави репрезентациите. Нас нормално не интересира како ние бевме претставени.
За селекторот Игор Ангеловски е наведено дека претходно успешно го водел Работнички. Како наш клучен играч го посочуваат Горан Пандев. Меѓутоа додаваат и дека селекциите треба да внимаваат на Елиф Елмас. За нашиот „дијамант“ се пишува дека е играч со фантастична визија и потенцијален наследник на Пандев.
Ќе потсетиме Македонија на ЕП ќе игра во група со Австрија, Украина и Холандија.