На официјалната страница на Европската фудбалска федерација (УЕФА) објавена е статистиката на четворицата според многумина најдобри играчи во Лигата на шампионите оваа сезона.
Пред нас се полуфиналните натпревари, а УЕФА во прв план ги истакнува Мохамед Салах (Ливерпул), Един Џеко (Рома), Кристиано Роналдо (Реал Мадрид) и Роберт Левандовски (Баерн Минхен).
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Да потсетиме, Салхј игра против Џеко, а Роналдо против Левандовски.
На официјалниот сајт на УЕФА можат да се пронајдат интересни спореби на оваа четвртока.
Во оваа сезона Роналдо постигна 15 голови во 900 одиграни минути. Џеко за 898 минута постигна шест погодоци, Лева пет за 775, додека на Салах му беа потребни 734 минута за осум погодоци.
Најбрзиот спринт на Роналдо беше 31km/h, Џеко истрча 32 km/h, Лева 29km/h, а Салах го имаше најбрзиот со 33 km/h.
Роналдо од 15 погодоци, 10 постигна со десна нога, три со лева и два со глава, а имаше и 65 удари. Џеко постигна три гола со лева, два со десна и еден со глава, но имаше и значително помалку удари кон противничкиот гол од Роналдо (28). Левандовски шутираше 36 пати, два гола постигна со лева и три со десна, со глава се уште не погодил.
Салах дури седум голови постигна со лева и само еден со десна, а кон голот на ривалот упатил 34 удари. Кога станува збор за прецизните додавања, Џеко е на 70%, Салах на 74%, Роналдо и Левандвски се нешто подобри со 81%.