Црвена Звезда денес ја дозна одлуката на УЕФА по повод жалбата која ја упати за суспензијата на стадионот за натпреварот против ЦСКА во Лига Европа.
Суспензијата е укината, па Црвена Звезда ќе ја дочека ЦСКА Москва пред полни трибини на „Маракана“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
УЕФА ја прифати жалбата и го казни српскиот клуб со две години условно и парична казна од 30.000 евра.
Тоа значи дека стадионот на Црвена Звезда ќе биде автоматски суспендиран доколку навивачите направат и најмал инцидент во следните две години.
Клубот соопшти дека веќе се продадени 30.000 билети, а продажбата на останатите билети ќе продолжи од денец.