Maкедонија во четврток ја победи Грузија и така обезбеди пласман на Европското првенство кое ќе се одржи во летото кое следи.
Сегашниот план на УЕФА е собирот на најдобрите европски репрезентации да се одржи во повеќе градови, а според тој план ние треба да играме во Букурешт и Амстердам. Во Букурешт се закажани дуелите со Австрија и Украина, а со Холандија ќе играме во Амстердам. Меѓутоа во јавноста се појавија информации за можни промени, односно дека ЕП може да се одржи во само во Велика Британија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Но, од УЕФА потенцираа дека во овој момент немаат намера ништо да менуваат.
„УЕФА нема намера да го менува форматот и местата на одигрување на натпреварите кои беа потврдени претходно. Кога се навивачите во прашање, ситуацијата со Ковид-19 е неизвесна и рано е да се каже дали на натпреварите во јуни ќе може да има навивачи“, соопштија од УЕФА.