Дома Фудбал Останато УЕФА отвори истрага за скандалот во Ајндховен

УЕФА отвори истрага за скандалот во Ајндховен

УЕФА денеска отвори истрага за големиот инцидент што се случи во Ајндховен, откако навивач на ПСВ истрча на теренот и го удри голманот на Севиља, Марко Дмитровиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Инцидентот се случи во второто полувреме кога еден хулиган му побегна на обезбедување, втрча на теренот и од зад грб го нападна српскиот голман. Дмитровиќ успеа да го совлада и да го собори, а потоа пристигнаа играчите на двете екипи, но и обезбедувањето.

УЕФА веќе отвори истрага против ПСВ, а се споменува и можно исфрлање од европските натпреварувања во период од најмалку една година. 

Хулиганот и воопшто не смеел да биде на стадионот „Филипс арена“ во Ајндховен, затоа што има забрана токму поради слични инциденти во минатото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…