Во швајцарски Монтро денеска се оддржа 45. Конгрес на УЕФА каде сите учесници се обединија во тврдењето дека затворената Суперлига е против концептот на тоа што Европа мора да биде: отворена, принципиелна и со спортски вредности.
„Уефа и нејзините членки веруваат во вистински европски модел заснован на отворена конкуренција, солидарност и прераспределба за да се обезбеди одржливост и развој на фудбалот за доброто на сите, како и промоција на европските вредности и социјални резултати.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Клубовите кои се дел од заговорот очигледно замижаа на фактот дека статусот што го уживаат денес не е резултат на изолиран случај, туку дел од динамичен европски систем во кој нечии успеси и неуспеси се подеднакво под влијание на големите, средните и малите клубови. Нивната претпоставка дека тие имаат право да се одвојат и да тврдат дека наследството е изградено од заеднички сили е навреда за европските вредности и спортски заслуги.
Уефа, нејзините членки и сите оние кои го сакаат фудбалот силно ќе се спротивстават на тоа и ќе се борат против потезите на сопствениците на овие клубови и сите оние кои ги поддржуваат. Во морална смисла, ние многу добро знаеме што стои зад сè и во таа смисла ќе го заштитиме фудбалот од себичен клан кој не се грижи за играта. Ние сме европски фудбал. Тие не се“, се вели во декларацијата.
Фото: ФФМ