Дома Фудбал УЕФА одложи натпревар од Лига Европа поради коронавирус

УЕФА одложи натпревар од Лига Европа поради коронавирус

Натпреварот помеѓу Виљареал и Карабах во рамките од 6. коло во Лигата на Европа кој требаше да се игра во четврток е одложен поради појава на коронавирус кај гостите.

УЕФА потврди дека мечот е одложен на неодредено време поради бројни регистрирани случаи на Ковид-19 во таборот на Карабах.

Во овој момент не е познато кога овој натпревар ќе се одигра, а медиумите пишуваат и дека постои опција Виљареал да го добие службено. Треба да се спомене и дека дуелот не решава ништо за пласманот во следната фаза. Шпанскиот тим има 13 бода и загарантирано прво место, а Карабах е последен со еден освоен бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн промаши пенал, Силва го спаси Дортмунд во драмата со Баерн!

Баерн двапати водеше на „Алијанц арена“, но Борусија Дортмунд се избори за 2-2 со доцниот …