Дома Фудбал Останато УЕФА нема да ја почитува одлуката на судот од Мадрид за Суперлигата

УЕФА нема да ја почитува одлуката на судот од Мадрид за Суперлигата

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) нема да ги почитува барањата на мадридскиот суд, кој одлучи дека клубовите – основачи на европската Суперлига не можат да бидат подложени на санкции.

Медиумите тврдат дека УЕФА ги отфрлила барањата на мадридскиот суд и е уверена дека судот на Европската унија ќе донесе одлука во нејзина полза.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Девет од 12 клубови кои беа дел од иницијаторите на „Лигата на богатите“ се повлекоа само 48 часа по објавувањето на одлуката дека формирале ново натпреарување. Единствени кои останаа верни на Суперлигата се Реал Мадрид, Барселона и Јувентус.

Во петокот, судот во Мадрид донесе одлука УЕФА јавно да објави дека се откажува од санкциите против клубовите основачи на Суперлигата, како и да ги извести италијанската и англиската федерација дека немаат право да ги казнуваат клубовите кои учествуваа во создавањето на турнирот, но потоа го напуштија проектот.

Деветте екипи кои се повлекоа од Суперлигата платија по 15 милиони евра во фондот за развој на фудбалот и се откажаа од пет проценти од приходите кои ќе ги остварат во натпреварувањата под капата на УЕФА.

УЕФА во моментов не стравува од одлуката на судот во Мадрид и не го менува својот став.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…