Како што сега стојат работите, УЕФА ќе ја казни Рома после првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Ливерпул.
Да потсетиме, навивачите на Рома направија големи нереди во натпреварот против Ливерпул и самиот клуб го осуди таквото однесување на своите навивачи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, изгледа дека Рома ќе добие казна од Дисциплинската комисија на УЕФА после овој натпревар. Според италијанските медиуми, „волчицата“ би требало да добие казна за забрана на присуство на своите навивачи на гостувањата за еден или два натпревари.
Треба да додадеме и дека навивачите на Рома Филипо Ломбарди (21) и Даниеле Скусио (29) се уапсени пред почетокот на натпреварот поради обид за убиство.
Реванш натпреварот помеѓу Рома и Ливерпул се игра на „Олимпико“ наредната среда.