Петте члена на Суперлигата кои сезонава се уште се во игра за европски трофеј ќе поминат без казна, пренесува „Марка“.
Утрово се појави вест дека УЕФА може да ги исфрли Реал Мадрид, Челзи, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Арсенал од европските натпреварувања (Лигата на Европа и Лигата на шампионите).
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
УЕФА се закануваше со жестоки санкции, но засега од казни нема да има ништо, екипите кои го почнале натпреварувањето и ќе го завршат. Така ПСЖ сигурно нема да биде прогласен за шампион во ЛШ како што се најавуваше претходно. Исто така УЕФА ќе ги исплати парите од ТВ правата кон клбуовите.
„Марка“ наведува дека засега нема повеќе информации дали на сила ќе стапи забраната за играчите кои ќе играат во Суперлигата да не настапат на за своите репрезентации на Светско или Европско првенство.
За казни очигледно ќе се решава подоцна – едно е сигурно Лигата на Европа и Лигата на шампионите за оваа сезона ќе си се довршат регуларно.