Романските власти одобрија зголемување на капацитетот на навивачи за натпреварите од Европското првенство што ќе се играат на „Националната арена“ во Букурешт, објавија тамошните медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Романската влада дала зелено светло за зголемување на капацитетот на публиката која може да дојде на стадионот, па наместо 25% исполнетост, сега ќе може да има 50% исполнетост.
Сепак конечниот збор ќе го има УЕФА, а од Европската централа засега нема информација за зголемување на капацитетот, но не се исклучува можноста наскоро да ја прифатат одлуката на романската Влада.