Европската куќа на фудбалот (УЕФА) не откри прекршување на Финансискиот фер-плеј од страна на Пари Сент Жермен во однос на трансферите на Најмар и Мбапе, соопштува еминентниот „Екип“.
Исто така во решението се вели дека УЕФА нема да презема никакви санкции за „светците“ доколку клубот до 30-ти јуни оваа година продаде фудбалери во вредност од најмалку 70 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Доколку тоа се случи, ПСЖ може да биде спокоен бидејќи не ги прекршил правилата на ФФП. Минатото лето „светците“ и платија на Барселона 222 милиони евра за Нејмар, а Мбапе пристигна како позајмен фудбалер од Монако.
ПСЖ има можност да го откупи Мбапе на лето за 180 милиони евра, а тоа ќе може да го стори доколку продаде фудбалери во вредност од 70 милиони евра.
PSG need to offload players with a market value of €70M by June to comply with UEFA #FFP (Financial Fair Play) rules https://t.co/ZF2VSwN2zX pic.twitter.com/HHcKOd38z2
— AS English (@English_AS) January 23, 2018