Дома Фудбал Останато УЕФА донесе одлука околу казната на Роналдо за време на прославувањето на голот против Атлетико

УЕФА донесе одлука околу казната на Роналдо за време на прославувањето на голот против Атлетико

Јувентус во вторникот со 3:0 го совлада Атлетико Мадрид во реванш натпреварот од Лигата на Шампионите и така обезбеди четвртфинале од ова натпреварување.

Херој на победата беше Кристиано Роналдо, кој постигна три гола во победата на својот тим, а особено интересна беше прославата на еден од головите, каде што наводно го копираше тренерот на Атлетико Мадрид.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се појави информација дека Португалецот би можел да биде казнет од страна на УЕФА, по непријатниот гест при прославата на голот. Во опција наводно била и суспензија на еден од следните натпревари во Лигата на Шампионите, но според најавите на УЕФА, од тоа нема да има ништо.

Тој, доколку се докаже дека прославата на голот и гестот бил упатен кон навивачите на Атлетико, ќе плати казна, додека во друг случај нема да има последица за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…