Дома Фудбал УЕФА го суспендираше Гвардиола

УЕФА го суспендираше Гвардиола

Менаџерот на Манчестер Сити е суспендиран од страна на УЕФА.

УЕФА немаше милост кон Пеп Гвардиола, па го суспендираше Шпанецот на два натпревари.

Каталонецот е казнет поради непрописно однесување во текот на ¼ финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул.

Иако, Пеп се жалеше неговата жалба УЕФА ја одби, а освен двата натпревари суспензија менаџерот на Манчестер Сити е и парично казнет.

Од друга страна пак, Ливерпул е казнет со 7.500 фунти поради недолично однесување на навивачите во натпреварот против Сити кој се играше на 4-ти април на „Енфилд“.

Освен тоа, „црвените“ ќе мора да платат и уште 9.000 евра поради користењето на пиротехнички средства на нивните навивачи во натпреварот против Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико има шанса за врвот, но Симеоне гледа само кон Леванте

Победа над Леванте може да го искачи Атлетико на првото место во Ла Лига. За Диего Симеоне…