Ново големо признание од УЕФА за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој е сврстен меѓу 5-те млади таленти на кои треба да се внимава во новата сезона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Европската куќа на фудбалот секоја година прави листа од 50 перспективни фудбалери кои треба да блеснат во новата сезона, па оваа сезона се најде и новиот играч на Наполи, Елиф Елмас.
За него се вели дека македонската А репрезентација го повика на 17-годишна возраст, потоа еден од најголемите турски клубови успеа да ги обезбеди неговите услуги, а ова лето стана најскапиот македонски фудбалер и направи трансфер во Наполи.
Фудбалските експерти му предвидуваат блескава иднина, а неговиот квалитет го препозна и еден од најдобрите тренерот во светот, Карло Анчелоти.
