Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА го казни Симеоне за срамниот гест!

УЕФА го казни Симеоне за срамниот гест!

Дисциплинската комисија при УЕФА денес го казни тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне за срамниот гест кој го направи на дуелот против Јувентус во Лигата на шампиони.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, откако Хосе Марија Хименез го постигна првиот гол за „јорганџиите“ Симеоне се сврти кон публиката и направи непримерен гест.

Аргентинецот после мечот објасни дега гестот не бил наменет за противничките фанови, туку со тоа сакал да и покаже на публиката дека има храброст да носи тешки одлуки и јавно се извини.

Дисциплинската комисија при УЕФА денес парично го казни Диего Симеоне и објавија дека дополнително ќе излезат со решение за целиот случај. Тоа значи дека аргентинскиот тренер може да биде суспедиран за следните натпревари.

Реваншот во Италија ќе се игра на 12-ти март, а УЕФА денес соопшти дека тренерот на Јувентус Макс Алегри ќе биде само парично казнет зошто неговиот тим задоцни при излегувањето на терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Важен играч на Интер се повреди неколку дена пред финалето

Учеството на Маркус Тирам во финалето за Купот на Италија против Лацио во среда е под сери…