Девет европски клубови кои излегоа од Суперлигата денес се договорија со УЕФА за казната поради формирањето на ова натпреварување.
12 европски клубови креираа ново натпреварување, Суперлига, кое предизвика вистински хаос во европскиот фудбал, па траеше само 48 часа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најпрво шестте англиски клуба излегоа од Суперлигата, а тој пример го следеа уште Интер, Атлетико Мадрид и Милан.
Реал Мадрид, Јувентус и Барселона не сакаа да се повлечат од Суперлигата и најавија тужби за клубовите кои излегоа.
Денес тие девет клубови се договорија со УЕФА за казните кои ќе ги добијат за непромислениот потег.
Имено, одлучено е дека на овие клубови ќе им биде одземено 5% од приходот кој ќе го остварат следната сезона во европските натпреварувања. Притоа заедно ќе соберат сума од 15 милиони евра која ќе биде донирана.
Исто така овие девет клуба потпишаа договор да бидат казнети со 100 милиони евра доколку се приклучат на било кое натпреварување кое не е под капата на УЕФА.
Official: 9 of the 12 #SuperLeague clubs formally renounce the breakaway to UEFA, they will have 5% of their European competition revenue lost for 1 season.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 7, 2021
The 3 remaining rebel clubs now face disciplinary action from UEFA: Juventus, Barcelona, Real Madrid. 🚨🚫 @RobHarris