Дефанзивецот на Шалке, Матија Настасиќ кој е член и на репрезентацијата на Србија би можел да го пропушти Мундијалот кој ова лето ќе се одржи во Русија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Настасиќ заработи повреда во првенствениот натпревар против Хамбург, а според првите лекарски проценки од терените би можел да отсуствува најмалку два месеци, а тоа значи и дека под знак прашалник се доведува неговиот настап на Мундијалот.
„Морам да паузирам неколку недели. Имам оштетување на задните лигаменти на коленото. Не знам колку точно ќе паузирам и дали ќе бидам во можност да настапам на Светското првенство“, изјави Настасиќ.
Нема соменвање дека отсуството на Настасиќ би било голем удар за Србија. Мундијалот започнува на 14 јуни, а Србија ќе игра во група со Костарика, Бразил и Швајцарија.