Хрватска изгледа е решена во намерата да го смести Здравко Мамиќ зад решетки.
Денес претседателот на Динамо Загреб е уапсен во Босна и Херцеговина. Како што пренесуваат медиумите во регионот повикувај се на извори од полицијата, Мамиќ е уапсен во подрачјето на Меѓугорје.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во текот на денот се очекува да биде предаден на судот во БиХ, поради потерницата која беше издадена во среда и осуден на шест ипол години затвор.
Да потсетиме, Мамиќ еден ден пред соопштување на пресудата ја напушти Хрватска и побегна во БиХ, бидејќи поседува државјанство и на оваа земја.
Босанскохерцеговскиот оддел кој соработува со Интерпол во средата објави дека добиле барање од Хрватска за приведување на Здравко Мамиќ.