Поранешната голманка на САД, Хоуп Соло била уапсена во четвртокот во Северна Каролина. Според информациите таа возела пијана додека во автомобилот биле и нејзините двегодишни близнаци.
Против неа отворени се три обвиненија за возење во алкохолизирана состојба, давање отпор при апсење и негрижа на деца. После направениот записник во полицијата Соло била пуштена на слободода.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Хоуп за доброто во целата ситуација не може да даде коментар, но сака да знае дека децата и се се во животот, дека веднаш била ослободена и дека е во својот дом со семејството. Приказната е многу сочувствителна отколку што првичните обвинеија го покажуваат тоа. Таа сигурно ќе се брани од сите обвиненија“, објави нејзиниот адвокат.