Дома Фудбал Тpaгедија во Шпанија: 24-годишен фудбалер избоден до смрт

Тpaгедија во Шпанија: 24-годишен фудбалер избоден до смрт

Фудбалерот Пако Навал (24) во саботата бил избоден до смрт во општината Чипоона во Кадиз, додека осомничениот за нападот, 20-годишник го чека судењето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите околу 14:00 часот во саботата еден маж нападнал друг забивајќи му нож во градите.

Жртвата била пренесена во болница, но за жал некаде околу 02:30 часот по полноќ ноќта помеѓу сабота и недела го загубил животот. Напаѓачот е задржан во полициска станица и чека да биде изведен пред суд.

24-годишниот удбал настапуваше за аматерскиот клуб, Чипиона, а од него се прости и Реал Мадрид.

„Реал Мадрид длабоко жали за смртта на Навал, фудбалерот на Чипионе и сака да изрази сочувство до неговиот клуб, семејството, соиграчите и саканите“, стои во соопштението од „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ќе имаме нов трансфер над 100 милиони евра, еден од најбараните на Мундијалот го избра новиот клуб!

Јан Диоманде, новата голема сензација во светскиот фудбал, за кого Лајпциг веќе одби понуд…