Дома Фудбал Англија Тухел: Јас станав тренер благодарение на Рангник

Тухел: Јас станав тренер благодарение на Рангник

Челзи во недела го пречекува Манчестер Јунајтед, а тој дуел може да биде специјален за тренерот Томас Тухел.

Се очекува на клупата на „црвените ѓаволи“ да седне Ралф Рангник, човекот кој најмногу му помогна во кариерата на Тухел.

„Рангник ми помогна многу, прво кога ми беше тренер, а потоа благодарение на него станав јас тренер, тој ме убеди. Притоа имаше големо влијание врз нас бидејќи ни покажа како може да се браниме зонски“, изјави Тухел.

„Пред почетокот на сезоната очекував Манчестер Јунајтед да се бори за титулата, можеби го очекувам тоа и сега. Никогаш не треба да се отпише така голем клуб. Јунајтед има играчи од топ класа, наша задача е да ги лимитираме“, заклучи Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Крвава пресметка меѓу навивачи во Полска заврши трагично: Убиен млад човек, десет лица уапсени (ВИДЕО)

Нов случај на екстремно навивачко насилство ја потресе Полска. Во Краков викендов беше уби…