Бившиот менаџер на Челзи, Томас Тухел е заинтересиран за можноста да го наследи Саутгејт на кормилото на англиската репрезентација, пренесуваат медиумите на Островот.
Се разбира тоа најмногу ќе зависи од претставувањето на Англија на Мундијалот во Катар. Доколку „Гордиот Албион“ не ги оправда очекувањата Саутгејт ќе биде сменет.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Англиските медиуми објавија дека германскиот менаџер изминатиот период добил понуда од два премиерлигашки клуба, но и двете ги одбил експресно.
„Телеграф“ тврди дека на Германецот му се допаѓа животот во Лондон и негов приоритет е местото на Герет Саутгејт, англискиот селектор чија позиција веќе не е сигурна.