Нов кикс за Баерн се случи на отворањето на 24. коло во Бундес лигата. Актуелниот германски шампион одигра 2:2 на гостувањето кај Фрајбург.
Актуелниот лидер во германскиот шампионат Баер Леверкузен кој во ова коло гостува во Келн има можност да им побегне на Баварците со големи десет бода предност. Тренерот на Баерн, Томас Тухел, беше разочаран по натпреварот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Бевме премногу недисциплинирани во играта. Им дозволивме премногу контранапади, не ги задржавме нашите позиции. Одигравме многу лош прв половина час.
Сакавме да играме со различно ниво на емоции, но и ова беше делумно харакир. На теренот направивме работи кои никогаш не ги ни спомнавме.
Едно добро полувреме не е доволно за победа овде“, изјави Тухел по натпреварот.