Играчот за врска, Адриен Рабио никако да одлучи.
Пари Сен Жермен одлично ја започна новата сезона во Франција, славеа победа од 3:0, а Рабио беше стрелец на вториот гол.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Иако францускиот играч за врска го започна овој натпревар, неговиот тренер не е сигурен дали тој ќе остане во клубот. Рабио се поврзуваше со бројни тимови, се појави и вест дека Барселона наводно ги договорила личните услови, но ништо повеќе не се случи.
„Не е сигурен дали Адриен ќе остане во Париз, тоа е негова одлука“, изјави Тухел после вчерашниот натпревар.
Милан и Јувентус со задоволство би го виделе во своите редови. Јувентус од поодамна покажува интерес за неговите услуги додека, спортскиот директор Леонардо е голем фан на овој играч.
„За мене тој е одличен играч. Тој може да напредува и да стане играч од голема класа“, изјави Тухел.