Вториот ден од нокаут фазата и осминафиналето на Лигата на шампионите ни го донесе најголемото изненадување досега. Актуелниот вицешампион на Италија, Лацио, кој оваа сезона игра лошо во Серија А, на својот Олимпико во Рим го совлада Баерн Минхен со 1:0. Победничкиот гол за тимот на Маурицио Сари го постигна Чиро Имобиле од пенал во 69. минута.
Ова е повторување на осминафиналето од пред три години, кога Баерн рутински ги добиваше двата натпревари, но вечерва Германците не ни шутнаа во голот на Иван Проведел. Неодамнешниот пораз од Баер Леверкузен, кој го остави Баерн пет бода од врвот во Бундеслигата, очигледно ги потресе Баварците, а многумина прогнозираат дека Томас Тухел со евентуално испаѓање од Лигата на шампионите може да добие отказ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Фрустрирани сме поради поразот. Мислам дека го загубивме натпреварот, не сум сигурен дека Лацио го доби“.
Направивме се за да го загубиме овој натпревар. Во еден момент престанавме да веруваме. Имаше и многу индивидуални грешки.
На прашањето дали се плаши за својата иднина на клупата, тој кратко рече: „Не“.