Meнаџерот на Челзи, Томас Тухел после поразот од Ливерпул во финалето од Лига Купот на Англија истакна дека не очекува промени во клубот откако Роман Абрамович објави дека се повлекува.
Рускиот милијардер поради притисокот од јавноста раководењето на клубот го препушти на неговите најблиски соработници. Меѓутоа медиумите на Островот пишуваа дека ова „повлекување“ на Абрамович е само на хартија – тука.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не очекувам нешто да се промени за мене на дневно ниво. Во близок контакт сум со Марина Грановскаја и Петар Чех кои го водат првиот тим. Мислам дека нашите способности нема да се променат со оваа ситуација“, изјави Тухел.
Челзи во финалето на Лига Купот беше поразен од Ливерпул после изведувањето на пеналите 11:10 (0:0). Единствениот кој промаши беше голманот Кепа кој во игра влезе токму за пенал серијата во 119. минута.