Дома Фудбал Англија Тухел не го дава Пулишиќ: Влегува во моите планови

Тухел не го дава Пулишиќ: Влегува во моите планови

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел изјави дека Кристиан Пулишиќ влегува во неговите планови за во иднина.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Американскиот репрезентативец не добива голема минутажа после доаѓањето на Тухел, па се засилија шпекулациите за негов трансфер на лето.

„Кога потпишуваш со Челзи треба да бидеш стрплив и во исто време нестрплив. Сите играчи сакаат да играат. Кога не си во тимот, не треба да губиш надеж. Должност на играчите е да тренираат добро и да бидат спремни. Тоа го прави Кристиан“, изјави Тухел.

„Имаме многу натпревари и тој е дел од моите планови за иднина. Тој е важен играч и има потенцијал да го реши мечот влегувајќи од клупа“, додаде германскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хаос во Милан – си заминува еден од најважните луѓе на тимот!

Спортскиот директор на Милано, Игли Таре, ќе ја напушти таа позиција на крајот од сезоната…