Тренерот на Челзи, Томас Тухел призна дека тимот ќе претрпи промени ова лето и дека некои играчи сакаат да си заминат.
Многу фудбалер на Челзи се вратија од позајмица, па за нив нема место во тимот, а некои сакаат да си заминат во потрага по поголема минутажа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Никогаш претходно не сум бил во ваква ситуација. Не се грижам бидејќи знам дека ова е претсезона и многу играчи се тука, но сакаат да си заминат. Некои сакат да се вратат во клубовите каде што биле на позајмица. Треба да разбереме дека и нивната ситуација не е лесна“, изјави Тухел.
Челзи веќе се раздели со Томори и Жиру кои се преселија во Милан, но има уште неколку фудбалери кои не влегуваат во плановите на Тухел и сигурно ќе си заминат до 31 август.