Дома Фудбал Англија Тухел: Нашиот пораз нема врска со стилот на игра на Лидс

Тухел: Нашиот пораз нема врска со стилот на игра на Лидс

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел е разочаран од грешките на својот тим во поразот од Лидс од 3:0 во третото коло од Премиер лигата.

Најголемата грешка ја направи голманот Едуард Менди кој си поигруваше со топката на гол-линијата и дозволи Лидс да го отвори резултатот во 33. минута.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Менди се познава себеси. Кога се таквите грешки во прашање не знам дали е неопходно да разговарам со него. Тој знае дека тоа е грешка, секој може да погреши. Сигурно дека тој е повеќе разочаран од нас“.

Тухел смета дека стилот на игра не бил проблем, туку грешките на неговите играчи.

„Си дадовме еден автогол и дозволивме гол од прекин кој ефтино го подаривме. Нема врска тоа со пресингот ниту тоа што претрчавме помалку, ниту пак со стилот на игра на Лидс. Ние можевме да бидеме подобар тим, но кога губевме со 2:0 нашиот говор на тело не беше како во дуелот со Тотенхем. Не гледам поврзаност со нашиот пораз и стилот на игра на Лидс“, изјави Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…