Дома Фудбал Лига на шампиони Тухел мета на критики: Дали го бранеше судијата кој направи хаос? 🎥

Тухел мета на критики: Дали го бранеше судијата кој направи хаос? 🎥

Tренерот на ПСЖ Томас Тухел се најде на мета на критики поради она што го зборуваше во текот на гужвата во вчерашниот натпревар помеѓу ПСЖ и Башакешхир.

Мечот ПСЖ – Башакешехир беше прекинат и ќе се доигра денес. Целиот скандал го направи судијата Себастијан Колетску кој на расна основа го навреди Пјер Вебо. Во тие моменти забележан беше интересен разговор на Тухел со фудбалерот на тускиот тим Фредрик Гулбрандсен.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Гулбрандсен: Тоа е расизам!

Тухел: Дали го слушна да каже такво нешто?

Гулбрандсен: Не.

Тухел: Затоа смири се, опуштено.

Гулбрандсен: Но го кажа тоа, го кажа!

Тухел: Не знаеш дали го кажал.

Ваквиот разговор на Тухел предизвика револт на друштвените мрежи и многумина тврдат дека тренерот на ПСЖ застанал во заштита на судијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Од фудбалот заработуваше 225 евра, а денес ќе дебитира на Европско првенство!

Една од најневеројатните приказни на ЕП 2024 во Германија е поврзана со репрезентацијата н…