Дома Фудбал Англија Тухел за првпат се огласи по отказот: Тешко ми е, во Челзи бев како дома…

Тухел за првпат се огласи по отказот: Тешко ми е, во Челзи бев како дома…

Челзи пред една недела после поразот од Динамо Загреб во Лигата на шампионите го отпушти Томас Тухел, набрзо на негово место пристигна Грахам Потер.

Сега Германецот преку друштвените мрежи за првпат се огласи после отказот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Ова е една од најтешките изјави кои некогаш сум морал да ги напишам и за која се надевав дека нема да ја напишам уште многу години. Тешко ми е што го завршив мојот период на клупатан а Челзи. Ова беше клуб каде што се чувствував како дома, како професионално така и лично“.

„Благодарен сум на сите во клубот, играчите и навивачите што направија да се чувствувам така од самиот почеток. Гордоста и задоволството кое го чувствував ми помогнаа да го освоиме Светското клупско првенство и Лигата на шампионите. Чест ми е што бев дел од клупската историја, спомените во претходните 19 месеци секогаш ќе имаат посебно место во моето срце“, напиша Тухел.

Тухел со Челзи во својата прва сезона ја освои Лигата на шампионите, го водеше Челзи на 100 натпревари и оствари 60 победи, а поразот од  Динаму му беше 16-ти во Лондон. Пред Челзи работеше во Мајнц, Борусија Дортмунд и ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бобан Илиоски ќе се бори за светска титула и тоа – во Скопје!

Бобан Илиоски, најдобриот македонски кикбоксер ќе се бори за светската шампионска титула н…