Дома Фудбал Тухел: Дуелот со Реал доаѓа во вистински момент

Тухел: Дуелот со Реал доаѓа во вистински момент

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел вели дека дуелот со Реал Мадрид доаѓа во вистински момент за неговиот тим.

Утре Челзи ќе ги одмери силите со Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампиони.

„Заслужуваме да бидеме во полуфиналето, исто како и Реал Мадрид. Мислам дека овој дуел доаѓа во добар момент за тимот. Способни сме да играме на многу високо ниво и мојата работа е да продолжиме на овој начин. Силно верувам во овој тим“, изјави Тухел.

„Само Ковачиќ нема да биде спремен за утрешниот дел. Постигнавме исклучително важна победа над Вест Хем. Играме добро и во Европа, па мислам дека имавме потреба од ваков меч на високо ниво како со Реал Мадрид“,  додаде Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фабрегас предупредува пред Торино: Комо без право на опуштање и без Кин

Комо го чека четврти натпревар за десет дена, а Фабрегас има и кадровски проблеми пред гос…