Тренерот на Челзи, Томас Тухел проговори за заминувањето на Ромелу Лукаку, само една година откако беше платен 115 милиони евра.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На големо изненадување Челзи му дозволи на Лукаку да се врати во Интер на позајмица, а сега Тухел ја откри причината.
„Решивме заедно со сопствениците на клубот да го пуштиме да замине. Сакаше да си оди, имаше можност и ние го пуштивме. Сега го купивме Рахим Стерлинг, кој ни дава флексибилност и многу опции за нападот, дури и да не купиме нов напаѓач“, изјави Тухел.
Во договорот за позајмица не постои задолжителна откупна клаузула.
„Со оглед на тоа што е само на позајмица, секако дека постои шанса подоцна да го откупат. Ќе видиме што ќе се случи во текот на сезоната, но не е мое да размислувам за тоа. Јасно е дека постои голема можност да остане, но може и да се врати“, заклучи Тухел.