Германскиот репрезентативец, Каи Хаверц на лето би можел да го напушти Челзи, пренесуваат англиските медиуми.
Германецот оваа сезона не игра на препознатливото ниво, а медиумите тврдат дека сака да ја промени средината на крајот на сезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Хаверц веќе го известил раководството на Челзи кое му порачало дека слободно може да си бара нов клуб.
Хаверц има договор со „сините“ за уште две години, а Челзи нема да се противи на неговото заминување и му поставил цена од 60 милиони фунти.
Германските медиуми пренесуваат дека Хаверц е голема желба на тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, кој имаше одлична соработка со него на „Стенфорд Бриџ“.