Томас Тухел неодамна пристигна во Баерн Минхен, а на лето ќе има поддршка да донесе засилувања по своја мерка.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Германските медиуми пренесуваат дека Тухел побарал од раководството две засилувања, едно во нападот и едно во средниот ред.
Најголема желба на Германецот е напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, кој оваа сезона е вистински хит во Серија А.
За него интерес покажуваат многу европски гиганти, но Баерн е спремен да ја победи конкуренцијата и нема да жали пари за да го доведе во Минхен.
Другата желба на Тухел е Матео Ковачиќ со кого соработуваше во Челзи. Овој трасфер е полесен за реализација бидејќи „сините“ се спремни да го продадат Хрватот, кој влегува во последната година од договорот.