Дома Фудбал Репрезентации Турција ја прегази Молдавија за втора победа во квалификациите (ВИДЕО)

Турција ја прегази Молдавија за втора победа во квалификациите (ВИДЕО)

turkey

После гостинската победа над Албанија во првиот натпревар од квалификациите за ЕП, Турција вечерва на свој терен ја пречека Молдавија во второто коло од групата Х и запиша убедлива победа со резултат 4:0.

Беше јасно дека Турција е мнгоу поквалитетен противник, а на првиот гол во мрежата на Молдавија се чекаше до 24-тата минута кога Чалханоглу со ножички му асистираше на Калдирим.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Само две минути подоцна Тосун после асистенцијата од Бурак Јилмаз зголеми на 2:0, тоа беше и резултатот со кој се замина полувреме.

Јилмаз во 52-та минута не реализираше пенал, неговиот удар од белата точка го одбрани голманот на Молдавија, Коселев.

Сепак, само неколку минути подоцна Тосун го постигнува својот втор гол на натпреварот и зголемува на 3:0.

Конечните 4:0 ги постави Ајхан во 70-тата минута од натпреварот. Турција можеше да постигне и уште некој гол во денешниот натпреварот, а Тосун можеше до хет-трик сепак уште еден погодок не видовме.

Молдавија во првото коло претрпе пораз од Франција со 1:4.

https://youtu.be/YeFWKBYjojU

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…