Дома Фудбал Останато Турците во уште поголема еуфорија по Фалкао: Спремен е како да има 22 години!

Турците во уште поголема еуфорија по Фалкао: Спремен е како да има 22 години!

Галатасарај одработи квалитетен преоден рок и за не така голема сума барем според имињата доведоа одлични играчи, помеѓу фудбалерите кои пристигнаа е и 33 годишниот Радамел Фалкао.

Малку е да се каже дека го дочекаа како спасител. Колумбиецот беше пречекан од 25.000 навивачи кои направија неверојатна атмосфера која беше во ранг на прослава на некоја голема титула. Фалкао дојде од Монако и врз него е голем притисок. Сите очекуваат голови за да им ја донесе титулата во домашното првенство и што подалеку да стигнат во Европа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дополнително еуфоријата со Фалкао ја зголеми „ФотоМак“ кој објави детали од физичката состојба на Колумбиецот. Заклучено е дека неговата метаболичка состојба е како да има 22 години.

Причина за таквите метаболички години се одличните фитнес резултати кои ги направи по доаѓањето во Турција.

Фалкао за Галатасарај ќе дебитира денес во натпреварот против Кашимпаша.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Класата е вечна: Ромарио е мајстор и на 58 години 🎥

Легендарниот бразилски фудбалер Ромарио се врати на тренинзите на 58 години, речиси две де…