Дома Фудбал Репрезентации Турските репрезентативци направија скандал со прославата на голот против Албанија

Турските репрезентативци направија скандал со прославата на голот против Албанија

Репрезентацијата на Турција вчера на својот стадион „Шукру Сарачоглу“ ја пречека Алабанија во натпревар од 7-то коло во квалификациите за Европското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Турција славеше со резултат 1:0, а голот го постигна Тосун во 90-тата минута и така ги задржа добрите шанси за пласман на Турција на ЕП.

Трибините на стадионот експлодираа после голот на Тосун. На „Шукру Сарачоглу“ навивачите останаа прилично долго откако судијата означи крај на натпреварот.

Меѓутоа турските репрезентативци предизвикаа бурни реакции од европската и светската јавност бидејќи после голот на Тосун сите заедно салудираа во знак на поддршка на војскатан а својата земја кое е во офанзива на северот на Сирија.

Поради поддршката на воена акција која ја осудува голем дел од светската јавност во центарот на вниманието се најдоа неколку турски интернационалци како Мехмид Демирал, Хакан Чалханоглу…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Покетино пред БиХ: Ова за нас е финале, шутиравме и пенали

Вечерва, пред натпреварот од осминафиналето на Светското првенство меѓу Соединетите Америк…