Претставниците на Манчестер Јунајтед тропнаа уште еднаш на вратата на Антоан Гризман и добија јасен одговор – следната станица нема да биде „Олд Трафорд“, туку Барселона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Така барем тврди Мундо Депортиво, повикувајќи се на свои блиски извори, по кои Ед Вудворд лично ги контактирал претставниците на Гризман и доби јасен одговор дека Французинот сега е во рацете на Барселона.
Оваа вести пристигна само два дена откако Атлетико испадна од Лигата на шампионите и тоа како што се наведува било капката која ја прелила чашата, Гризман е свесен дека доволно ги испочитувал Мадриѓаните, во текот на забранта од страна на УЕФА и по истекот на суспензијата, побарал да замине во Барселона.
Атлетико нема да се прашува многу, договорот изминатото лето според новиот договор беше таков што клаузулата од јуни 2018. ќе биде 100 милиони евра, што Барселона ќе ги плати.
Желбата на Гризман е да игра покрај Меси, да се обиде да го дополни недостатокот на Нејмар и Барселона да се врати на врвот на Европа и истовремено да го донесе кај себе трофејот од ЛШ.